ЕУ планира да го зголеми производството на муниција, преминува на „воена економија“

Европската унија планира да одвои повеќе од 500 милиони евра за зголемување на производството на муниција со цел да ѝ помогне на Украина и да ги надополни залихите на земјите-членки на ЕУ, според предлогот на Европската комисија.

Во предлогот се наведува дека ЕУ ќе ги субвенционира европските компании кои произведуваат оружје, со цел да се зголеми производството на муниција и ракети.

„Кога станува збор за нашата одбрана, нашата индустрија сега мора да се префрли на режим на воена економија“, рече Тиери Бретон, комесар за внатрешен пазар на ЕУ.

За да биде усвоен, планот треба да биде одобрен од владите на земјите-членки на ЕУ и Европскиот парламент.

Прочитајте и:  Ким Џонг-Ун нареди масовно производство на дронови камикази

МИА

- Реклама -