Патролен авион на американската морнарица прелета над Тајванскиот теснец, соопшти седмата флота на американската морнарица.
Седмата флота наведе дека поморскиот патролен и извидувачки авион P-8 A Poseidon прелетал над Тајванскиот теснец во меѓународниот воздушен простор.
„Со дејствување во рамките на Тајванскиот теснец во согласност со меѓународното право, САД ги поддржуваат правата на пловидба и слободата на сите нации“, се вели во соопштението.
Седмата флота истакна дека прелетот на американските авиони ја покажува посветеноста на САД за слободен и отворен Индо-Пацифик.
Кина го оспорува суверенитетот на Тајван. Пекинг минатата година соопшти дека има суверенитет, суверени права и јурисдикција над Тајванскиот теснец, истакнувајќи дека се „лажни тврдењата“ дека Тајванскиот теснец припаѓа на меѓународни води.
САД и Тајван го оспорија тоа кинеското тврдење.
МИА