Американски генерал: Киев навреме ќе го добие потребното оружје за контраофанзива

Украинската армија навреме ќе го добие потребното оружје за претстојната контраофанзива, изјави во американскиот Конгрес највисокиот американски генерал во Европа, Кристофер Каволи.

Генералот Каволи, врховен командант на сојузничките сили во Европа, наведе како пример дека повеќе од 98 отсто од борбените возила ветени на Киев се веќе испорачани.

„Уверен сум дека им го испорачавме материјалот што им е потребен и ќе продолжиме да ги поддржуваме нивните операции“, рече Каволи на сослушувањето пред Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом.

МИА

Прочитајте и:  Белоусов: Украинската воена кампања за 2025 година пропадна
- Реклама -