Кина ќе испрати делегација во Украина за „политичко решение“, прв телефонски разговор на Зеленски и Џинпинг

Кина ќе испрати делегација во Украина со цел да се најде „политичко решение“ за конфликтот, соопшти денеска официјален Пекинг.

„Кинеската страна ќе испрати во Украина специјален претставник на кинеската влада за евроазиски прашања за да спроведе длабинска комуникација со сите страни за политичко решавање на украинската криза“, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, пак, денеска телефонски разговорaл со кинескиот претседател Си Џинпинг, за прв пат од почетокот на војната во Украина.

По разговорот, тој назначи нов амбасадор во Пекинг, каде Украина немаше амбасадор од февруари 2021 година. Според објавениот декрет на официјалната веб страна на украинското претседателство, за амбасадор е назначен Павел Рјабикин, кој претходно го предводеше Министерството за стратешки индустрии на Украина.

Прочитајте и:  Зеленски имал „одличен“ разговор со Трамп по победата

„Имав долг значаен телефонски разговор со претседателот Си Џинпинг. Верувам дека ова, како и назначувањето на амбасадорот на Украина во Кина, ќе дадат моќен поттик за развојот на нашите билатерални односи“, напиша Зеленски на Твитер по телефонскиот разговор со кинескиот колега.

Џинпинг, пак, во разговорот со Зеленски, порачал дека во однос на кризата во Украина Кина секогаш стои на страната на мирот, а нејзината главна позиција е промовирање на мирот преку преговори, пренесе новинската агенција Синхуа.

Извор: МИА

- Реклама -