Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен соопшти дека ЕК обезбедила исплата на уште една транша од макрофинансиската помош за Украина во износ од 1.5 милијарди евра.
„Денеска ѝ обезбедуваме на Украина уште 1.5 милијарди евра како дел од нашиот годишен пакет макрофинансиска помош“, напиша Фон дер Лајен на Твитер.
Таа изјави дека ЕУ ќе продолжи да ѝ помага на Украина да се спротивстави на руската агресија, да го поддржува функционирањето на украинските институции, како и да и помага во спроведувањето важни реформи.
МИА