Министерството за правда попладнево ги објави имињата на експертите кои ќе учествуваат во работната група за уставни измени.
Експертската работна група ќе ја сочинуваат:
• Сали Мурати – поранешен претседател на Уставен суд, • Маргарита Цаца Николовска – поранешен судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур,
• Бајрам Положани – поранешен уставен судија и професор по уставно право,
• Бранко Наумовски – поранешен претседател на Уставен суд, • Јетон Шасивари – професор на Универзитетот на ЈИЕ,
• Ана Чупеска – професор на Правен факултет „Јустинијан Први”,
• Елена Михајлова Стратилати – професор на Правен факултет „Јустинијан Први”,
• Беса Арифи – професор на Универзитетот на ЈИЕ,
• Јагода Митревска – професор на Меѓународен Славјански Универзитет, и
• Марија Пандевска – професор на Институт за национална историја.
Списокот на работната група ќе се дополнува во наредниот период и со други членови кои ќе дадат свој придонес во подготовката на уставните измени.
„Ова работно тело е формирано од Министерството за правда кое е задолжено од Владата да ја подготви предлог иницијативата за потребата од уставни измени. Владата е предлагач на уставните измени. Откако ќе се подготват измените, предлогот ќе ги помине сите работни тела во рамките на Собранието. Паралелно ќе се одржуваат и стручни јавни расправи на кои експерти, партии, граѓански организации и други институции ќе може да ги кажат своите ставови“, наведуваат од Министерството за правда.