Амбасада на САД во Белград: Според нашите сознанија, Србија не ѝ продава оружје на Украина

Според сознанијата кои Амбасадата на САД во Белград ги има, Србија не ѝ продава оружје на Украина, соопштено е за Радио Слободна Европа (РСЕ) во врска со наводите во тајните документи на Пентагон, јави дописникот на МИА од Белград.

„Не можеме да ги коментираме наводните доверливи информации, но, според нашите сознанија, Србија не ѝ продава оружје на Украина“, изјавија за РСЕ од американската амбасада во Белград.

Пренесувајќи податоци од обелоденетите тајни документи на Пентагон, агенцијата Ројтерс претходно денеска соопшти дека Србија се согласила да испрати или веќе испратила оружје во Киев. Ова веднаш го демантираа српските министри за одбрана и за надворешни работи, Милош Вучевиќ и Ивица Дачиќ.

Прочитајте и:  Шолц телефонски разговарал со Путин, првпат по две години... ова биле темите

Вучевиќ изјави дека Србија „не испратила оружје на украинската или руската страна, ниту на земјите што го опкружуваат тој конфликт“, и дека тоа нема да го стори.

Дачиќ рече дека Србија ја почитува политиката на воена неутралност и за продавање оружје на трети страни, кои се далеку од конфликтот и немаат никаква врска со тоа.

Документот во кој умал увид Ројтерс ги сумира одговорите на европските влади на барањата на Украина за воена обука и „смртоносна помош“, т.е оружје, и е меѓу десетиците доверливи документи објавени на интернет во последните неколку недели, за кои се верува дека се најсериозното откривање на американски тајни во последниве години.

Извор: МИА

- Реклама -