Бугарија демантира дека ќе ѝ ги подари „Миг-29“-ките на Украина

Бугарското Министерство за одбрана соопшти дека не разговарале за бесплатно обезбедување бугарски борбени авиони МиГ-29 за Украина.

Ова го посочува прес-центарот на Министерството по повод веста на Си-Ен-Ен, според која Бугарија изразила подготвеност да и подари борбени авиони на Украина. Медиумот се повикуваат на документи на Пентагон објавени на социјални мрежи.

Според документот, Бугарија на 23 февруари изразила подготвеност да ги донира своите ловци МиГ-29. Ова е „предизвик“, според извештајот, бидејќи таквиот чекор би ја оставил земјата без борбените авиони потребни за патролирање барем додека не се испорачаат американските Ф-16. Сепак, тоа би можело да се случи „една година од сега“.

Таквата одлука би довела до дефицит на способности, што е спротивно на Уставот на Република Бугарија и Законот за одбрана и вооружени сили на Република Бугарија, додаваат од Министерството за одбрана.

Прочитајте и:  Рускиот напад со интерконтинентална ракета ги подигна полските борбени авиони

МИА

- Реклама -