Владата го назначи Груби за координатор на реализацијата на проектите на Коридорот 8

„Поради важноста за реализација на започнатите проекти за изградба на патните правци Скопје – Блаце, Кичево – Букојчани, железницата Кичево – Лин, заедничките гранични контроли со Република Албанија и Република Косово и реализацијата на Коридорот 8, Владата на Република Северна Македонија го назначи Артан Груби, прв заменик на премиерот, за координатор за следење на работите и за координација на сите активности, со цел нивна навремена реализација“, информираше денеска владината прес-служба.

Како што е соопштено, на денешната владина седница се донесени и други кадровски одлуки.

Александар Миљовски е разрешен од должноста в.д. директор на ЈУ „Национален Парк Галичица“ – Охрид, на негово барање. За нов директор в.д. е именуван Александар Бузлевски.

Розита Благојевиќ е разрешена од должноста директорка на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците. На нејзинот место е емнуван Драган Угреновиќ.

- Реклама -