Од Министерството за правда информираат дека го добиле писмото од Политичката партија БЕСА, во кое се бара при подготовката на уставните измени да се земе предвид и промената на амандманот V од Уставот.
„Министерството за правда известува дека сите барања во врска со уставните измени ќе бидат предложени и разгледани на работната група која ќе биде наскоро формирана, а во која свој член ќе имаат политичките партии, меѓу кои и партијата БЕСА“, се наведува во соопштението од Министерството за правда.
Денеска замена на формулацијата „јазик на 20%“ побара и Алијанса за Албанците. Лидерот на партијата – Арбен Таравари, рече дека очекува поддршка од сите политички партии во земјава, вклучително и македонските.