Владимир Кличко со критики за МОК по предлогот на руските спортисти да им се дозволи да учествуваат во меѓународни натпреварувања

Олимпискиот шампион во бокс Владимир Кличко од Украина изјави дека претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах им служи на руските интереси поради предлогот за повторен прием на спортисти од Русија и Белорусија на меѓународните спортски натпревари.

Меѓународниот олимписки комитет вчера го потврди својот став дека на руските и на белоруските спортисти треба да им се дозволи да се натпреваруваат во меѓународниот спорт под неутрално знаме и покрај војната во Украина.

Во синоќешната објава на Твитер, поранешниот светски шампион во тешка категорија и освојувач на златен медал од 1996 година, Кличко, ја нарече одлуката на МОК како „пловење под лажно знаме“.

„Томас Бах им служи на боите и интересите на Русија“, оцени тој. Оваа одлука го контаминира олимпискиот дух и е како оваа војна: глупост“.

Прочитајте и:  Меркел: Ако Украина зачекореше кон НАТО во 2008, војната ќе започнеше тогаш и немаше да биде подготвена

МОК предложи повторно да ги прими спортистите од Русија и Белорусија, на кои им е забрането да учествуваат на повеќето спортски настани од почетокот на руската инвазија на Украина, како неутрални спортисти под строги услови. Предлогот ги исклучува екипните спортови и допрва треба да се донесе одлука за учество на руски и белоруски спортисти на Олимпијадата во Париз следната година.

Од друга страна, од предлогот незадоволство изразија и руските политичари и спортски претставници, кои сметаат дека планот на Меѓународниот олимписки комитет како недоволно добар, бидејќи бараат целосно враќање.

МИА

- Реклама -