Дали приказната за водачот на српското подземје Петар Мараш се ближи до својот крај? Oд 27 март, втората сезона на хит-серијата Јужен ветар со поднаслов „На граница“ почнува со прикажување и на Суперстар каналот, кој е дел од понудата на mSAT TV. Новите 12 епизоди ни носат интензивна драма и акција за судирот меѓу криминалните групи, државата, разузнавачи од меѓународната сцена, а Мараш нема друг избор освен да продолжи понатаму.
Што може да очекуваме во новите епизоди?
Се соочува ли нарко-босот конечно со противник кој не може да го победи? По купување на земјиште на планираната траса за гасоводот „Јужен тек“ за снабдување на Западна Европа со руски гас Мараш се обидува да се спаси себе и својата екипа уценувајќи ја државата. Сепак, брзо станува јасно дека нарко-босот ќе биде принуден да повлече многу ризични потези за да може, заедно со семејството и својата екипа, да ја преживее војната која неговиот водач Црвени му ја наметна.
Врвна продукција и холивудски имиња во новата сезона
Врвната продукција која што стои зад продолжението на „Јужни Ветар“ и актерската екипа ветува дека новата сезона ќе ја воодушеви публиката многу повеќе од филмот и првата сезона од серијата.
Секако Милош Биковиќ продолжува и во новите епизоди маестрално да го толкува ликот на Мараш. Миодраг Радоњиќ и во продолжението е верниот придружник на Мараш, Бача, a Цар го толкува Предраг Мики Манојловиќ. На екипата и се придружуваат и холивудските ветерани Ерик Робертс и Вилијам Болдвин.
Новите епизоди ќе се прикажуваат од 27 март на Суперстар секој работен ден од 21 часот. Повеќе информации за пакетите на mSAT TV сателитската телевизија на МТЕЛ може да добиете на mtel.mk или на телефонскиот број 15010, како и во повеќе од 600 продажни локации низ државата.
* Комерцијален текст