Шпанија не дозволи настап на косовски каратисти на ЕП

Косовската карате репрезентација нема да може да настапи на Европското првенство кое од денеска до 26 март се одржува во шпанскиот град Гвадалахара, соопшти Олимписката федерација на Косово.

Истиот извор наведе дека Шпанија, која е една од петте земји-членки на ЕУ кои не го признаваат Косово, забранила настап на косовски каратисти со државни обележја.

„Олимписката федерација на Косово со загриженост го доживува дискриминирањето на косовските спортисти од страна на држави кои и натаму ги мешаат спортот и политиката. Поради непризнавање на нашата држава, на нашата карате репрезентација не ѝ е дозволено рамноправно да се натпреварува со останатите натпреварувачи на ЕП. Тоа од организаторите на ЕП се известени дека локалните власти не дозволиле истакнување на нашите државни обележја“, се наведува во соопштението.

Прочитајте и:  Османи: Секое загрозување на правата на Албанците во С. Македонија ќе наиде на решително противење и единство на Албанците од цел Балкан

Од Олимписката федерација на Косово најавија дека за целиот случај ќе биде известен Меѓународниот олимписки комитет.

МИА

- Реклама -