Курти бара меѓународните фактори да ја осудат Србија за неспроведување на договорот од Охрид

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека очекува меѓународните фактори да го осудат однесувањето на Србија за неприменување на договорот од Охрид.

Курти, пренесува Бета, во обраќањето пред новинарите по конференцијата за социјална работа рече дека имплементацијата на договорот од 18 март во Охрид треба да почне веднаш, бидејќи „нема рок кога тој треба да почне со спроведување“.

-Очекувам меѓународните фактори да го осудат однесувањето на Србија, која на состаноците вели дека нема да потпише, а меѓу состаноците вели дека нема ништо да спроведе. Другата страна не може вака да зборува против членството на Косово во меѓународните организации. Дека никогаш да нема да го признае Косово затоа што е основниот договор е де факто признавање, рече Курти.

Прочитајте и:  Идна надворешна политика на ЕУ: Главна е поддршката за Украина, поделба на Косово не доаѓа предвид

Косовскиот премиер додаде дека на бриселските средби тој е единствениот кој дава предлози и понуди.

„Давам предлози и понуди кои се одбиваат и на крајот доаѓаме до договор, но тие не потпишуваат. Ќе бидеме во постојан контакт со европските посредници, во постојана комуникација сме со нашите американски партнери и таа формулација треба да ја искористиме за самоуправување на српската заедница за решавање на прашањата кои останаа неисполнети. За нас станува збор за формулација која многу верно и прецизно и припаѓа на рамковната конвенција за заштита на националните малцинства според Советот на Европа“, рече Курти.

МИА

- Реклама -