Европа ја доживеа втората најтопла зима во историјата

Европа ја доживеа втората најтопла зима од почетокот на мерењата во 1979 година, објави Службата за мониторинг на климата на ЕУ.

Посуви од просечните услови се забележани во големи делови од Западна и Југоисточна Европа, како и во руските региони.

Многу повисоки температури од просекот се измерени во Источна Европа и делови од североисточна Европа, објави Службата за климатски промени Коперник.

Температурите биле под просекот на Пиринејскиот Полуостров.

Според извештајот, најтопла зима од почетокот на мерењата била 2019/2020 година.

На глобално ниво, овогодинешниот февруари беше петти најтопол откако се вршат мерењата, според Коперник.

„Поголемиот дел од Европа имаше натпросечни температури на воздухот, особено северна Норвешка и Шведска, како и (норвешкиот регион) Свалбард“, додава службата на ЕУ.

Прочитајте и:  Омилениот зимски пијалок може да го намали ризикот од срцев удар, покажуваат истражувања

Свалбард е архипелаг помеѓу норвешкото копно и Северниот пол.

МИА

- Реклама -