Шојгу: Заземањето на Бахмут е неопходно за продолжување на руската офанзива во Украина

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска изјави дека заземањето на градот Бахмут, центарот на повеќемесечните жестоки борби во источна Украина, е неопходно за продолжување на руската офанзива.

„Тој град е важен одбранбен центар за украинските војници во Донбас. Преземањето контрола над него ќе овозможи спроведување на нови офанзивни операции во длабочина против одбраната на украинските вооружени сили“, рече Шојгу на состанокот со раководството на министерството.

Бахмут е во фокусот на неколкумесечните интензивни борби меѓу Украина и Русија, која се обидува да ја преземе контролата врз областа.

МИА

Прочитајте и:  Русин осуден на 14 години затвор за испраќање видеа од руската армија на Украинци
- Реклама -