Минималните трошоци на едно семејство во февруари изнесувале 50.909 денари

Минималните трошоци на четиричлено семејство во февруари изнесувале 50.909 денари, покажуваат анализите што денеска ги објави Сојузот на синдикати на Македонија.

Според податоците од синдикалната потрошувачка кошничка, што ја изработува ССМ, најголем дел односно 19.379 денари се трошат за храна и пијалоци, а 13.306 денари за комунални трошоци. За превоз минимум се потребни 3.679 денари, а за хигиенски производи – 3.154 денари.

Во однос на јануари годинава, синдикалната потрошувачка кошничка е зголемена за 110 денари.

МИА

Прочитајте и:  Минималната синдикална кошница за ноември изнесува 62.021 денари, 772 ден. повеќе од октомври
- Реклама -