Сестрата на Ким Џонг-ун им се закани на САД: Подготвени сме за брза акција од големи размери

Ким Јо-џонг, влијателната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, денеска на државната телевизија изјви дека нејзината земја е подготвена да преземе „брза, голема акција“ против САД и Јужна Кореја во секое време.

„Демонстративните движења на армиите на САД и Јужна Кореја, како и нивната реторика, која е толку избезумена што повеќе не можеме да ја игнорираме, несомнено создаваат услови Северна Кореја да преземе акција против нив“, рече Ким Јо-џонг.

Таа не прецизираше какви дејствија може да преземе Пјонгјанг.

Нејзината изјава е реакција на вчерашните заеднички воени вежби меѓу Вашингтон и Сеул, во кои беше вклучен и американскиот стратешки бомбардер Боинг Б-52.

Во слични ситуации во минатото, Северна Кореја главно реагираше воено, со тестирање на интерконтинентални балистички ракети, кои секогаш завршуваа во водите меѓу Корејскиот Полуостров и Јапонија.

Прочитајте и:  Захарова: Новата американска база во Полска одамна е на листата на приоритетни цели за уништување

МИА

- Реклама -