Остин: Падот на Бахмут не значи дека Москва ја враќа иницијативата на бојното поле

Источниот украински град Бахмут, кој Украинците со месеци го бранат а Русите исто толку се обидуваат да го заземат, има повеќе симболично отколку оперативно значење и неговиот пад не мора да значи дека Москва ја вратила иницијативата на бојното поле, изјави американскиот министер за одбрана Лојд Остин.

„Мислам дека Бахмут има повеќе симболична вредност отколку стратешка и оперативна вредност. Падот на Бахмут не мора да значи дека Русите го смениле текот на борбата“, рече Остин за време на неговата посета на Јордан, додавајќи дека нема да прогнозира дали и кога градот ќе биде преземен од руските сили.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, инаку, денеска, по состанокот со украинските воени команданти, одлучи да продолжи одбраната на градот.

Прочитајте и:  Русин осуден на 14 години затвор за испраќање видеа од руската армија на Украинци

Извор: МИА

- Реклама -