САД сакаат мир меѓу Скопје и Софија: „Северна Македонија е исклучително добар сојузник во НАТО и тоа ќе биде и во ЕУ“

САД бараат мирни и продуктивни односи меѓу Софија и Скопје и даваат цврста поддршка за брзо зачленување на земјава во ЕУ, изјави заменик-помошникот државен секратар и специјален претставник на Стејт департментот за Западен Балкан – Габриел Ескобар, во изјава за МИА.

САД ќе подржат, вели Ескобар, сѐ што ќе ги внесе (Македонците) во ЕУ брзо и мирно.

„Продолжуваме да работиме со Владата на Северна Македонија за помош тие да ги остварат своите цели. Тие се исклучително добар НАТО сојузник и можам да ја уверам ЕУ дека тоа ќе бидат и како членка на Унијата. Продуктивна, сигурна и цврста членка на ЕУ“, посочил Ескобар.

Тој потенцирал дека и двете земји (Бугарија и Македонија) се ценети партнери на САД и дека Вашингтон бара тие да имаат мирни и продуктивни меѓусебни односи.

Прочитајте и:  Медиуми во ЕУ: Путин го пречекори опасниот праг

Извор: МИА

- Реклама -