Столтенберг: Не произведуваме доволно муниција, потрошувачката е многу поголема

Генералниот секретар на НАТО – Јенс Столтенберг, призна дека постојното западно снабдување со муниција „не е одржливо“ на сегашното ниво бидејќи „потрошувачката е многу поголема“.

Во денешното интервју за Скај Њуз, Столтенберг рече дека верува дека конфликтот сега станува „борба за логистика“, така што сојузниците на Украина мора да го зголемат производството.

„Единствениот начин да ја одржиме нашата поддршка за Украина е да го направиме она што сакаме да го направиме сега, а тоа е да се вклучиме во одбранбената индустрија за да се осигураме дека сојузниците потпишуваат долгорочни договори“, додаде тој.

Тој повтори дека НАТО ќе стои покрај Украина „сè додека е потребно“.

„Не можеме да дозволиме Путин да победи во Украина – тоа ќе биде трагедија за Украинците, но ќе биде опасно за нас“, продолжи тој.

Прочитајте и:  Борел: Не треба да се дозволи договор меѓу Вашингтон и Москва кој не ги зема предвид ставовите на Киев и ЕУ

Столтенберг се осврна и на прашањето дали на Украина ќе ѝ биде дозволено да се приклучи на одбранбениот воен сојуз.

„Позицијата на НАТО е непроменета. Украина ќе стане членка на НАТО, но сега главниот фокус е да се осигура дека Украина може да преовладува како суверена, независна нација во Европа“, заклучи генералниот секретар на НАТО.

МИА

- Реклама -