Таравари: Со ваква антиалбанската реторика, ВМРО по следните избори нема да може да најде албански партнер за соработка

Со антиалбанската реторика ВМРО-ДПМНЕ само си наштетува себе си, бидејќи по следните избори нема да може да си најде албански партнер за соработка, изјави Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, во врска со критиките и обвинувањара од страна на ВМРО-ДПМНЕ кон неговата партијата.

„Со овој речник што го користат ВМРО и Левица, со овој антиалбански вокабулар во секое претставување дека сè што пречи се Албанците, претставува општа атмосфера во државата како да се Албанците тие што ја кочат државата, тие сакаат да го сменат Уставот под секој услов, прават сѐ за да направат како Македонците да не постојат или дека се против Македонците. Ова веднаш ќе ја создаде нивната спротивност. Затоа велам дека ќе има огромен пресврт. Албанија ќе ги продолжи преговорите, ние ќе останеме со бугарското вето, економската криза, бегството на младите и фрустрациите што ќе се создатат на населението воопшто. Потоа, секоја криза носи нови несогласувања кои потоа можат целосно да го збунат функционирањето на државата“, рече Таравари во гостувањето во емисијата „Аргумент“ на ТВМ2.

Според него, обвинувањата се резултат на тоа што „крилото контролирано од Русија“ сака да го претстави како радикален и корумпиран.

„Има дел во ВМРО за кои тие знаат, особено членовите на ВМРО, дека таму има руска фракција. Дури и нивните сопартијци знаат дека тоа се случува ,особено од Николовски кој исто така доминира со Мицкоски, имам впечаток дека не му е грижа и постојано излегува со тези кои не може ни самиот да сфати како да ги искористи. Имаат две цели со таа руска пропаганда, причината е стагнацијата на ВМРО, да го претстават Таравари како радикален, како националист, шовинист, ултранационалист и втората е дека сум корумпиран. Ова се двете цели на проруската група на ВМРО. Радикализацијата ја поврзуваат со тоа што го кажав дека ако не се изгласаат уставните измени ќе дојде до радикализација на ситуацијата, а продолжија со колумни, пишувања, во дебати дека Таравари ќе се радикализира, ќе ја дестабилизира државата и ќе сака војна. Со тоа што сакаат да ме прикажат како корумпиран, треба да знаат дека неколку пати сум кажал дека не сум човек што дозволувам да бидам уценуван и не можам да бидам корумпиран. Во тој момент кога ќе ме уценуваат, не се занимавам со политика, одам во пензија. Сега измислуваат нешто што демек некој ми дал нешто за да влезам во владата, куќата во Скопје ја поседувам од 2021 година и ја имам пријавено на анкетниот список“, вели лидерот на Алијанса за Албанците.

Прочитајте и:  Мециновиќ: Со малограѓански сценарија пратениците од ВМРО-ДПМНЕ сакаа да избегнат одговори на прашањата поставени од Левица

„Со ова што сега го прави ВМРО, јас таму гледам враќање на ‘груевизмот’“, додаде тој.

Извор: МИА

- Реклама -