Столтенберг: НАТО внимателно ги следи блиските врски меѓу Кина и Русија

НАТО внимателно ги следи блиските врски меѓу Кина и Русија, изјави денеска генералниот секретар на организацијата Јенс Столтенберг.

Столтенберг разговараше со новинарите по пристигнувањето во Минхен за да присуствува на годишната безбедносна конференција во главниот град на Баварија.

„Внимателно ги следиме сè поблиските врски меѓу Кина и Русија“, истакна генералниот секретар на НАТО.

Тој додаде дека двете земји „дејствуваат повеќе заедно, спроведуваат заеднички вежби, поморски и воздушни патроли“.

МИА

Прочитајте и:  Медиуми во ЕУ: Путин го пречекори опасниот праг
- Реклама -