Алтернатива: Ги разгледуваме сите околности, особено потценувањето на нашиот учинок во спасот на владејачкото мнозинство пред 12 месеци

„Алтернатива“ во недела ќе го донесе конечниот став околу партиципирањето во Владата. Одлуката ќе биде донесена на седница на Централното собрание што ќе се одржи во 16 часот во партиското седиште во Тетово.

„Најтесното партиско раководство на Алтернатива е во перманентно заседание. Со внимание ги разгледуваме сите околности кои ги нарушуваат принципите врз кои требаше да почива Европската коалиција. Особено начинот на кој некој го потценува нашиот учинок пред 12 месеци за спас на владејачкото мнозинство, изборот на Димитар Ковачевски за премиер и следствено обезбедувањето на почеток на преговори со ЕУ“, пишува на официјалната страна на „Алтернатива“ на „Фејсбук“.

Расудуваме трезвено, без емоции, велат од „Алтернатива“, додавајќи дека се целосно свесни за предизвиците кои ги очекуваат.

Прочитајте и:  СДСМ: Новата сила и енергијата на Конгресот ја вознемири ДПМНЕ

„Уште еднаш потенцираме дека нема да влетаме во замката што ни се подметнува. Нема да оставиме ниту минимум простор дека Алтернатива на било каков начин самата придонесе за процесите кои неминовно следат“, се вели во објавата на Фејсбук.

- Реклама -