Москва: Испораката на ракети со долг дострел за Украина нема ништо да промени, руската офанзива ќе продолжи без оглед на цената

Потенцијалната американска испорака на ракети со долг дострел за Украина нема да „го промени текот на настаните“, а Русија продолжува со својата офанзива без оглед на цената, порача денеска Кремљ.

Сепак, снабдувањето на Украина со ракети со дострел до 150 километри ќе доведе до зголемување на тензиите и зголемување на нивото на ескалација, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Тоа ќе бара дополнителни напори од нас, но тоа нема да промени ништо во текот на настаните, специјалната воена мисија ќе продолжи“, рече тој.

Украина со месеци бара стотици модерни тешки тенкови, проектили со дострел од повеќе од 100 километри и борбени авиони за да може да спроведе контраофанзиви и да ги врати украинските територии окупирани од Русија.

Прочитајте и:  Лавров: Зеленски се исплаши од одговорот на Русија

По долгото „колебање“ на западните сојузници сѐ до неодамна, вчера шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба соопшти дека Украина, „во првиот бран“, ќе добие меѓу 120 и 140 тенкови.

Извор: МИА

- Реклама -