Бугарскиот амбасадор во земјава Ангелов се враќа на своите дипломатски должности во Скопје

Бугарскиот амбасадор во земјава, Ангел Ангелов, им се враќа на своите дипломатски должности во земјава во полн капацитет, откако минатата среда беше повлечен во Софија, потврдија од Министерството за надворешни работи за МИА.

По седницата на Комисијата за надворешна политика во бугарскиот Парламент на 25 јануари, техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија – Николај Милков, најави дека нивниот амбасадор Ангел Ангелов ќе биде повлечен од Скопје и ќе остане во Софија сѐ додека, како што рече, не биде регистриран напредок во однос на третманот на македонските граѓани со бугарска самосвест во нашата држава.

Од бугарското МНР тогаш информираа дека „целта на консултациите е да се разговара за можностите за запирање на опасниот тренд на зголемен притисок врз граѓаните на Република Северна Македонија со бугарска самосвест и за изгледите за понатамошен развој на билатералните односи“.

Прочитајте и:  Средба Сиљановска Давкова - Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ

Од македонското МНР еден ден подоцна излегоа со реакција дека со внимание ги следат изјавите и активностите кои доаѓаат од Бугарија и со жалење констатираа дека последните активности на официјална Софија не се во согласност со договорената практика за унапредување на меѓусебните односи и напротив, тие претставуваат потклекнување кон провокациите на оние кои сакаат да ги нарушат напорите на двете Влади за стабилен и позитивен развој на односите меѓу двете земји.

Извор: МИА

- Реклама -