Пекинг: Подготвени сме со Русија да изградиме поправеден и порационален светски поредок

Кина е подготвена да ја прошири стратешката соработка со Русија со цел да ја промовира демократизацијата на меѓународните односи и да изгради поправеден и порационален светски поредок, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин.

„Кина во новата година е подготвена да работи со Русија за зајакнување на стратешките врски и продлабочување на практичната соработка со цел да придонесе за унапредување на демократизацијата на меѓународните односи, формирање поправеден и порационален меѓународен поредок и да олесни изградба на заедница со заедничка иднина за човештвото“, рече Ванг.

Тој нагласи дека „под стратешкото водство на двете земји, руско-кинеските односи тргнаа по нов пат на хармоничен соживот и заемно корисна соработка меѓу соседните земји“.

Прочитајте и:  Германија прави попис на бункери и засолништа во случај на руски напад, ги охрабрува и граѓаните да си направат и свои

Претходно оваа недела, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека односите меѓу Русија и Кина во моментов се на највисоко ниво во историјата.

Тој ги опиша врските меѓу двете земји како доверливи, прагматични, меѓусебно почитувани и засновани на балансот на интереси.

МИА

- Реклама -