Демократски сојуз: Да прекинат активностите за проширување на парламентарното мнозинство

Идејата за зголемување на парламентарното мнозинство дополнително ќе го засили незадоволството кај граѓаните, ќе ги заостри меѓуетничките тензии и сериозно ќе ги наруши уставните принципи за соодветна и правична застапеност на етничките заедници во власта, смета Демократскиот сојуз.

Како што се вели во партиското соопштение, веќе и со сегашната композицијата на Владата прекршени се основните решенија од Охридскиот рамковен договор, како и нормите „Бадентер” и “Балансер” произлезени од истиот.

„Доколку сакаме функционални институции, приоритетни услови за раководни функции во власта мора да бидат стручноста, професионалноста, личниот интегритет и отпорноста од партиски и криминални влијанија“, порачуваат од партијата.

Партизацијата и етничкиот клуч, велат тие, ги блокираа и ги криминализираа институциите.

„Ставот на Демократскиот сојуз е наместо сегашните преговори за приклучување на Алијанса во власта, СДСМ, а особено ДУИ, итно да ги консолидираат внатрепартиските состојби за да се продолжи со реформите, посебно во правосудниот систем, и да се отпочне со силна и неселективна борба против корупцијата.

Прочитајте и:  СДСМ: Новата сила и енергијата на Конгресот ја вознемири ДПМНЕ

Во скрининг процесот да се вклучат сите креативни потенцијали, а Парламентот континуирано да биде информиран“, порачуваат од Демократски сојуз.

Партијата бара и да се запре со етикетирањето на граѓаните и партиите како „поддржувачи“ или „противници“ на членство во ЕУ.

„Наместо граѓаните и партиите да се делат на поддржувачи и противници на ЕУ и да се најавуваат некакви нови сојузи, да се подвиткаат ракавите и да се работи на конкретни проекти, а не на сеење магла и продавање демагогија.

Незадоволството, загриженоста и разочараноста од вкупните состојби во државата секојдневно се зголемуваат, поради што неопходни се промени, но и јакнење на одговорноста. Граѓаните очекуваат единство и сплотеност, како и заштита на стратешките и националните интереси“, барааат од ДС.

- Реклама -