Ахмети апелира да нема партиски вработувања

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска во изјава за медиумите рече дека се согласува дека не треба да има партиски вработувања и дека треба да се почитуваат професионалните вештини и квалификации на лицата.

„Во принцип се согласувам дека така не треба да се случуваат работите. Треба да има меритократија, да се почитуваат професионалните вештини и квалификации. Но, треба да имаме предвид дека способните кадри, луѓето со знаења ни бегаат од државата за подобри плати во Европа и тоа е нешто што најмногу ме загрижува“, рече Ахмети на настанот по повод одбележувањето на годишнина од смртта на Ѓерѓ Кастриот Скендербег.

На новинарско прашање што тој презема за да ги спречи директорите на јавните институции да не вработуваат партиски кадри, Ахмети рече дека тоа е определба за која мора секој ден да се апелира до директорите, до извршната власт, за да се почитува меритократијата.

Прочитајте и:  Даути: Законот за бранители не може да биде ставен на дневен ред на Комисијата за социјална политика, нема деловнички можности
- Реклама -