Зеленски со благодарност до Владата и македонските граѓани за поддршката за Украина

„Денес, поддршката на мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) е многу важна за Украина.

За време на средбата со претседавачот на ОБСЕ, министерот за надворешни работи на Северна Македонија – Бујар Османи, ја дискутиравме потребата од зголемен фокус на ОБСЕ кон кршењето на човековите права во привремено окупираните територии на Украина. Овие се многу важни нешта за нас“, напиша украинскиот претседател Володимир Зеленски по средбата со Османи, кој денеска ја посети Украина.

Зеленски изрази и благодарност до Владата и македонските граѓани, за поддршката.

„Благодарам на владата и луѓето од Северна Македонија за хуманитарната и дефанзивната поддршка за Украина од почетокот на целокупната руска инвазија“, напиша Зеленски.

Прочитајте и:  „Дејли мејл“: Севернокорејските војници во Русија прв пат со пристап до Интернет, го користат за... порно

- Реклама -