Фудбалерот кој блесна во Катар е на пат кон Премиерлигата

Мароканскиот фудбалер од средниот ред кој остави добар впечаток на Светското првенство во Катар, Азедин Унахи овој месец би можел да се пресели во Англија.

Според Фабрицио Романо, Лидс од пред неколку дена започнал преговори со Анже за ангажман на Унахи.
 
Се верува дека сега Лидс е фаворит за неговиот потпис со оглед на финансиската моќ на англиските клубови.
 
Претходно интерес пројави и Наполи кој нудеше 15 милиони евра за неговиот потпис, но засега нема ништо од таа приказна.

- Реклама -