Елмас во 72-та минута од мечот, откако на полувреме влезе во игра, го даде петтиот гол за Наполи за да ја завери победата и Јувентус првпат после 1993 година и мечот со Пескара, никогаш до сега немаше примено пет гола на еден меч во Калчото. За Елмас ова е петти гол сезонава, а втор по ред, откако даде и од пенал изминатиот викенд на гостувањето кај Сампдорија во триумфот со 2-0.