Але со хет-трик за седум минути, а пред некој ден го победи – ракот!

Поранешниот младински француски репрезентативец Себастијан Але кој пред неколку дена официјално го победи ракот на тестисите, се врати во голем стил со хет-трик за Борусија Дортмунд во пријателскиот меч со три полувремиња од по пола час против Базел.

На Але му требаа само седум минути да даде три гола во победата со 6-0 во двочасовната пријателска средба со три полувремиња, па на најдобар начин се врати на терените откако лани му беше дијагностициран малиген тумор на тестисите, па ја прескокна сезоната досега поради битката со опасната болест.

Але беше дел од младинската селекција на Франција кога „златната македонска генерација“ двапати ремизираше на патот кон историскиот пласман на Еуро 2017, а ни даде два гола во Скопје во фантастичната пресметка без победник 2-2.

- Реклама -