Мурињо: Горд сум на понудата од Португалија, но ја одбив

Жозе Мурињо вели дека е горд на повикот од Португалија да биде селектор на репрезентацијата, но ја одбил понудата.

Жозе Мурињо беше прв избор на Португалската фудбалска федерација за нов селектор, но тој ја одби понудата и реши да остане во Рома и да го испочитува договорот со римската волчица.

„Фактот што претседателот на Португалската фудбалска репрезентација рече дека јас не сум бил неговиот прв избор, туку сум бил неговиот единствен избор, ме прави горд. Но одлучив да не прифатам. Тука сум и тоа е најважно“, изјави Мурињо по вчерашниот натпревар од Купот на Италија кој Рома го доби со 1-0 против Џенова.

- Реклама -