Дешан прозборе за Зидан: Целосна почит кон Зизу, неумесни беа коментарите за него!

Актуелниот француски селектор Дидие Дешан, кој неодамна ја продолжи соработката со француската фудбалска федерација до 2026 година, ги осуди коментарите на сега веќе бившиот претседател Ноел Ле Грае кон Зинедин Зидан и посочи дека нема проблеми во односот со поранешниот соиграч од златната генерација во 1998 година.

Зидан се најавуваше како наследник на Дешан уште пред да почне СП, но актуелниот селектор прифати да остане на клупата и потпиша нов договор, иако сите најави беа дека Зизу е веќе договорен да седне од оваа година на кормилото на „триколорите“ кои во Катар го загубија финалето на СП од Аргентина.

- Реклама -