Дибала ја однесе Рома во четвртфинале на Купот на Италија (ВИДЕО)

Аргентинската ѕвезда Пауло Дибала, најголемото летно засилување на Рома, ја однесе „волчицата“ во четвртфиналето на Купот на Италија, откако неговиот единствен гол на средина од вториот дел ѝ пресуди на Џенова во пресметката на „Олимпико“ (1-0).

Дибала кој доби признанија од Рома и овации од римските навивачи после освојувањето на светската титула со Аргентина, беше клучен со соло-акцијата во 64-та минута по која даде гол за триумф на Рома и пласман меѓу осумте најдобри во Купот.

Фиорентина со 1-0 ја елиминира Сампдорија во вториот денешен меч од осминафиналната програма, а вчера Милан испадна од Торино, додека Интер едвај преживеа со Парма и по два часа фудбал успеа да се протне во четвртфиналето.

Останатите осминафинални мечеви во Купот на Италија се на програмата идната недела.

- Реклама -