Бенасер останува во Милан до 2027 година

Италијанскиот шампион Милан го задржа фудбалерот за врска Исмаел Бенасер, кој денеска потпиша нов договор со „росонерите“ до јуни 2027 година.

Бенасер дојде во Милан во 2019 година и досега има 129 настапи и четири гола, па се промовираше како еден од клучните фудбалери во средниот ред на калчолигашкиот гигант кој во минатата сезона после цела деценија пост стигна до „скудетото“.

Потпишувањето на договорот со Бенасер е продолжување на зацртаниот проект на Милан да се задржи костурот на тимот, а приоритет е истото да го направат и со португалската ѕвезда Рафаел Леао со кого веќе подолго време преговараат за нова соработка.

- Реклама -