Поранешен фудбалер бил до смрт изгризан од – сопствените кучиња!

Поранешниот фудбалски репрезентативец на Замбија, Филемон Мулала, почина на 60-годишна возраст и тоа на ептен бизарен начин – бил изгризан до смрт од кучињата што ги чувал.

Тој имал три агресивни кучиња, кои од непозната причина збеснале и му се нафрлиле на некогашниот фудбалер, кој не успеал да се одбрани од нивниот напад. Мулала бил пронајден од неговата сопруга, која претходно го слушнала гласното лаење на кучињата, но не посветила многу внимание зашто куќата се наоѓа во близина на прометна улица, па кучињата често лаеле.

- Реклама -