Надал ќе заигра во Дубаи по пауза од 15 години

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ќе игра на турнирот во Дубаи, кој е закажан од 27 февруари до 4 март, а таму се враќа по пауза од 15 години.

Организаторите соопштија дека Надал повторно ќе биде дел од турнирот на кој последен пат настапи во 2008 година.

„Воодушевени сме од тоа што може да потврдиме дека Надал се враќа во Дубаи по 15 години. Кога Рафа последен пат играше во Дубаи, освои три гренслема во сезона“, соопштија организаторите.

Наградниот фонд на турнирот во Дубаи изнесува 2,8 милиони долари.

- Реклама -