Наместо на минус пет од Наполи и второ место, Милан остана трет на минус седум со исто бодовно салдо како најтрофејниот клуб Јувентус и само поради невидениот пад на концентрацијата на „росонерите“ во самата завршница од мечот.
Тами Абрахам во третата минута од судиското надополнување обезбеди реми после центаршут во шеснаесетникот, само шест минути откако од првиот директен удар Ибањез ја врати Рома во мечот после еден корнер. До таа 87 минута и корнерот, Рома немаше директен шут во рамките од голот, а Милан имаше сѐ за нова победа, ама..