Мегваер си оди од Манчестер јунајтед, но останува во Премиерлигата

Англиските медиуми пишуваат дека најскапиот дефанзивец во историјата на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер е пред трансфер во Астон Вила.

Мегваер на почетокот од сезоната го загуби местото во стартниот тим на Ерик Тен Хаг, тој вообичаено ги гледа натпреварите од клупата и поради тоа веројатно ќе го промени клубот.
 
Новинарот на „ТокСпорт“, Анил Кандола тврди дека Мегваер е на пат да стави потпис на договор со Астон Вила.
 
Се уште е нејасно за каков трансфер се работи, најголема е веројатноста да е позајмица со опција за откуп.

- Реклама -