Македонија водеше и со +7, а на крај минимална победа над Израел

По поразот од Хрватска синоќа (34-40), Македонија ќе си замине со половичен успех од подготвителниот „Кроација куп“ во Пореч, откако вечерва го надигра Израел со 38-37. Сепак, за триумфот треперевме до крај, иако во текот на мечот покажавме повеќе, а водевме и со максимални седум разлика.

Со оглед на рејтингот на противникот, веројатно се очекуваше поуверлива победа на Македонија, а таков беше впечатокот и од случувањата на теренот, особено во првото полувреме, кога со леснотија поведовме со 9-6 по неполни осум минути игра. Таквиот тренд, да постигнуваме голови во просек секоја минута траеше, речиси, до 20-тата, кога црвеножолтите стигнаа до највисоките плус седум, 18-11 и 19-12.

- Реклама -