Тренерот кој не направи ништо со златната генерација на Белгија – станува нов селектор на Португалија

Се пишува дека Португалија има договор со Роберто Мартинез за селекторската функција во репрезентацијата.

Роберто Мартинез од 2016 година до изминатото Светско првенство беше селектор на Белгија. Белгијците во овие шест години располагаа со фантастичен состав, но не го искористија тоа.
 
И покрај неуспехот на Мартинез, се чини дека тој ќе добие шанса да води уште една квалитетна репрезентација.
 
Португалските медиуми пишуваат дека тој има вербален договор со Фудбалската федерација на Португалија и во наредните денови тој треба и официјално да биде потпишан.

- Реклама -