Оар не може веќе да го чека Дешан – избра да игра за Алжир!

Пред две години европски великани се тепаа за Хусем Оар, фудбалерот за врска на Лион и кого го гледаа како голема иднина за средниот ред на Франција, ама тој запиша само еден меч на пријателска средба за „триколорите“, па сега одбра да игра за – Алжир.

Оар е 24-годишен фудбалер за врска кој има алжирски корени, иако е роден во Франција, ги мина сите младински селекции, но Дидие Дешан го игнорираше и воопшто не го повика за последните два големи турнири – Еуро 2020 и СП 2022 во Катар.

Негов прв и единствен меч за Франција му е пријателскиот дуел со Украина (7-1), па Алжирците го искористија моментот да го грабнат, зашто на фудбалерот повеќе не му се чека повик од Франција.

- Реклама -