Црно-бел оган над Белград: Партизан го прегази најдобриот тим во Евролигата!

Со фантастична игра во последната четвртина (31-12), кошаркарите на Партизан вечерва на домашен терен го совладаа француски Монако (100-80), досегашниот лидер во Евролигата (11-5), со што дојдоа до осмата победа во 17 меча во најсилното европско клупско натпреварување.

Црно-белите сосема заслужено триумфираа, особено што доминираа од самиот почеток кога со серија 19-2 дојдоа до огромни плус 13 (24-11). Гостите потоа се вратија во игра и во неколку наврати поведоа, но не го издржаа последниот налет на белграѓани, кои во последниот период со серија 11-0 повторно дојдоа до двоцифрена предност (79-68), која ја задржаа до самиот крај.

Матијас Лесор со 20 поени и осум скока и Кевин Пантер со 19 поени беа најдобри кај Партизан, кој сега се изедначи по бројот победи со Црвена Звезда и најави голема борба за место во плејофот.

- Реклама -