ВМРО НП: Да се бојкотира палењето огнови за Бадник, тоа е донесено и наметнато за време на српската окупација

ВМРО-Народна партија ги повикa граѓаните на Скопје да го бојкотираат палењето на т.н. бадникарски огнови низ градот за време на еден од најтешките православни празници – Бадник, бидејќи со тоа, како што велат, се помага да не се влошува и така тешката еко-катастрофа со која се соочува нашиот град.

Истовремено, со бојкотот на бадникарските огнови се зацврстува и македонскиот православен идентитет, тврдат од партијата.

Граѓаните на Скопје треба да знаат, додаваат од ВМРО-НП, дека „палењето на огнови во Македонија е донесено и наметнато за време на српската окупација“.

„Никогаш во македонската историска и христијанска традиција порано на ваков начин не се дочекувал Бадник, а и денеска најголем број од градовите низ Северна Македонија немаат таква традиција, што значи се спротиставуваат на ваквите пагански елементи во рамките на нашето свето и православно христијанство“, се вели во соопштението на ВМРО-НП.

- Реклама -