Милик му донесе триумф на Јуве со гол од слободен удар во 91. минута! (ВИДЕО)

Јувентус продолжи онаму каде што застана во 2022 година и нанижа и седма победа по ред во Серија А, но на исклучително драматичен начин, на гостувањето кај Кремонезе..

Црно-белите од Торино го слават Аркадиуш Милик, затоа што донесе триумф со гол од слободен удар, точно кога истекоа регуларните 90 минути. Биеше од косо, ниско, топката отскокна точно пред голманот над омаќините и заврши во мрежата. Јуве беше без Погба, Влаховиќ, Бонучи, Квадрадо и Ди Марија, но тренерот Алегри и покрај тоа состави опасен тим.

Ова е десетта победа за Јувентус, со која дојде до 34 бода, на третата позиција, зад Милан со 36 и Наполи кој има 41 пред вечерашното дерби со Интер.

- Реклама -