„Триколорите“ убедливо ги прегазија „лалињата“ со 43-32, меѓутоа конечниот резултат не го раскажува развојот на натпреварот. Холандија беше повеќе од солидна во првото полувреме кое го загуби само со 18-19. Иако голманот Равенсберген беше на ниво, сепак се играше брзо и со многу голови до паузата.
Сепак, во вториот дел портогаловите не можеа да ја следат разорната моќ на Франција и заостанаа значително. Колку и да не е пресуден подготвителниот период, овој меч покажа дека Холанѓаните можат да се носат со најдобрите на светот, но и дека немаат капацитет за врвно ниво 60 минути.