Цените на гасот во Европа паднаа под 750 долари за првпат од февруари минатата година

Лондон, 4 јануари 2023 (МИА) – Цените на гасот во Европа од денеска се пониски за седум отсто и изнесуваат 730-735 долари за илјада кубни метри – намалување под 750 долари за првпат од февруари минатата година, објави лондонската берза ИЦЕ (ICE).

На 19 декември земјите од Европската унија се договорија за максимална цена на гасот од 180 евра за мегават час (околу 2.000 долари за илјада кубни метри по сегашниот курс), а оваа мерка ќе стапи на сила од 15 февруари.

Високата цена на енергенсите во Европа, според западните медиуми, предизвикала најголема инфлација во последните неколку децении.

Прочитајте и:  ЕУ размислува да го замени рускиот течен гас со американски гас, објави Урсула фон дер Лајен
- Реклама -