Истражување: Рекордно скап Божик за Британците

Лондон, 4 јануари 2023 (МИА) – Британските домаќинства за намирници за Божик потрошиле повеќе од 12 милијарди фунти, што е најголема сума од почетокот на евиденцијата, покажува истражувањето на компанијата „Кантар“.

Вкупната потрошена сума е поголема пред сè поради повисоките цени на храната и пијалаците, а не поради поголемата потрошувачка на граѓаните, покажува месечниот монитор на „Кантар“.

Така, обемот на продажба во декември всушност е намален за еден процент во однос на истиот период претходната година, што покажува дека цените на храната значително пораснале.

Износот во декември беше за неверојатни 1,1 милијарда фунти повисок од истиот месец претходната година, што првпат надмина 12 милијарди фунти, изјави шефот на одделот за малопродажбата на „Кантар“, Фрејзер МекКевит.

Прочитајте и:  Туск: Војната во Украина влегува во одлучувачка фаза, заканата од глобален конфликт е сериозна и реална
- Реклама -